Приказна за еден професор по музика во пензија, Миша Бранков, кој под едни необични околности го открива своето вистинско потекло.
25.11 20:00h - Кино Милениум
Граѓанска војна во Африка. Откако бунтовниците го спалуваат нејзиното село и ги убиваат нејзините родители, Комона е приморана да оди во џунглата и да стане дете-војник.
25.11 17:30h - Кино Милениум
Оваа горчливо-слатка комедија го следи главниот лик Роби кој се прикрадува во породилното одделение за да ја посети својата млада девојка Леони и за првпат да го земе в раце својот син Лук.
24.11 20:00h - Кино Милениум
Пред да излезам од дома испив малку виски. Одам накај нив дома и не можам да престанам да мислам на тоа.
25.11 15:00h - Кино Милениум
Двајца мажи се заглавуваат во лифт. Давид веќе доцни на важен состанок, а Андреј делува како човек кој нема што да изгуби.
24.11 15:00h - Кино Милениум
Милена, успешен фотограф од Македонија решава да ја посети Прага и да го изненади нејзиниот таен љубовник.
Анимираниот филм „Играта заврши“ е замислен како приказна за едно дете, Ноа, кое е зависно од компјутерските игри.
Ова е кратка и потресна приказна за животот на главната хероина Ана и нејзиното пеколно патешествие од сонот да стане филмска актерка, преку комунистичката тортура, па сѐ до монашките одаи.
Народен фронт 12 е краток анимиран филм кој го отсликува современото општество преку испреплетени приказни, симболи и алегории присутни во и околу зградата со број 12.
Секој ден од животот на Петар е полош од претходниот. Што значи дека секој нареден ден за него е најлошиот ден во неговиот живот, сѐ додека...